Тетово веќе e во четвртиот бран на коронавирусот

од Vladimir Zorba
180 прегледи

Секојдневното зголемување на бројот на хоспитализирани и заразени со Ковид-19 во Тетово е основа да се смета дека веќе регионот е во четвртиот бран на коронавирусот, изјави д-р Гзим Нуредини, координатор на Ковид – центарот при Клиничка болница во Тетово.

Во Ковид – центарот сега веќе има 36 заболени кои се лекуваат од кои 31 се на кислородна поддршка.

Луѓето кои се на болничко лекување се повозрасни со хронични болести, како и со прекумерна телесна тежина. Од 36-те хоспитализирани, двајца се на триесетина години, додека останатите се над 65 години.