41
Во Тетово, пред неколку моменти, се случи пукање од страна на лице кое се движело на мотоцикл во населбата Теќе, на улицата 111, јави Алсат ТВ.
Според првичните информации, инцидентот може да има врска со убиството што се случи пред една година во иста населба, како и со претходна престрелка меѓу лица од село Гајре и Тетово, што се случи пред повеќе месеци во близина на тетовската болница.
Полицијата е на местото на настанот и го истражува случајот. Очекува се официјални детали наскоро.