Тетовските пензионери по третпат го блокираа градот, ги повторија барањата за повисоки пензии

од Nikola Popovski
937 прегледи

Тетовските пензионери денеска третпат протестираа и половина час го блокираа сообраќајот на влезот во градот на крстосниците кај булеварите „Маршал Тито“ и „Видое Смилевски-Бато“.

На протестот тие ги истакнаа повторно барањата за повисоки минимални пензии и линеарно зголемување на износите.

Од тетовскиот иницијативен одбор се револтирани од, како што велат, притисоците врз нив дека се политички мотивирани.

Новото барање на пензионерите е пензиите сега уште повеќе треба да се зголемат линеарно и тоа да биде 5000 денари поради повисоките цени на храната. Исто така сметаат дека минималната пензија треба да биде 20 илјади денари. Претходно бараа линеарно зголемување на пензиите од 3500 денари.

Покрај основните барања, пензионерите бараат и да се укине членарината која ја плаќаат во Сојузот на здружението на пензионери на ниво на Македонија, бидејќи како што истакнаа, Сојузот работи спротивно на нивните интереси.

Исплатата на зголемените пензии започна од 1-ви октомври. Пензионерите добиваат процентуално покачување од 5,3%. Најмногу добиваат корисниците на највисока пензија, околу 3.700 денари плус. Пензионерите, пак, со најниски пензии добиваат само 700 денари.

Од Сојузот на здруженија на пензионери не се согласуваат со протестите.

Слични содржини