Продолжението на урбаниот колапс на Тетово за време на владеењето на градоНачаличката е евидентен, лесно доказлив и болно доживлив за сите жители на тој град. Медискиот дебакл секако ќе беше полесно да се избегне да не беа апсурдните и неостварливи ветувања лансирани во предизборната кампања, кои сега се повеќе ја дават гушата на оние кои лесно лажеа, без акал и совест за кусурот кој ќе треба да го платат наивните граѓани.
Но, криво насадени, право да збориме. Извесната градоНачалничка е на таа функција две години. За време на кои можела да стори нешто, наместо ништо.
Но сепак, во извршната власт има поминато 2+2 години, додека во законодавно-партијската фотелја 10 години. Доволно време да се докаже себеси, но и за да ги заслужи критиките кон кои може слободно да се однесува како Марија Антоанета изгубена во полошко. Но нејзините оправдувања се безвредни и небитни.
Од друга страна, во Скопје, во Чаир имаме градоНачалник испружен и со четири крака во вис додека го грицка својот трет мандат, 13 години ред. За време на кои успеа да постигне невиден успех да една релативно урбанизирана средина ја претвори во Пешавар, да една релативно цивилизирана населба ја претвори во темно гето, една синхронизирата архитектура да ја деградира во рај за урбаната и криминогена мафија. Истиот, значи градоНачалник, покрај својата извршна функција ја упразнува и по ранг истоветната функција како и градоНачалничката од Тетово. Колку за споредување и земање во обзир.
Во населбата на Чаирскиот градоНачалник своето гнездо го има свиено и Професионалниот Министер за Рамковен од Кичево на привремена работа на уништување на урбаниот субстрат на Чаир.
Во неговиот сокак, под балконот и неговиот префинет пинокиевски нос, и ден денес може да се најдат дупки и ѓубре кои по метар квадратен ги надминуваат оние од тетовските предградиа. И овој лик, како епохално квалитативен и незаменлив кадар и калап-модел на современ демагог, веќе 14 години држи извршни функции со неспоредливо политичко влијание на де-факто лидер на феминизираниот коалиционен партнер на мажите од ВМРО-ДПМНЕ. Мажиште од човек кој својата мажественост, гордост и храброст досега го има демонстрирано единствено во ривалство со – guess who – градоНачалничката од воведот.
И така, збор по збор, се наметнува прашањето. Како бива да хипер-аристократската градоНачалничка е цел на несомнено заслужените критики, додека другите наведени “патриоти на мизеријата” од Чаир (во склоп со нивната придружна вошкар-гангстерка камарила) успешно ги избегнуваат медиумските масакри? Иако во основа станува збор за истите појави на руинирање и неповратно нагрдување на еден град кој со векови преживеал десетици трагедии, за на крај да биде масакриран од своите криминализирани чеда?
Сагата за тетовската градоНачаничка затоа има и една друга нарација, подземна и испишана меѓу редови. Оценката за успехот или неуспехот, не се диктира и уште помалку дефинира од ефектите на владеењето. Туку зависно од полот, опкружувањето и подршката од страна на насилниците, криминалците и корупцијата. Замислете, инаку, доколку градоНачалничката имаше неколку пиштоли на колк, неколку коруптивни досиеа повеќе во полицијски фиоки и неколку блиски гангстери – навистина верувате дека ќе беше така лесна цел за отстрел?
Арсим Зеколи – аналитичар

