Тевез му оддаде почит на Марадона и пројде исто како Меси (фото)

од Nikola Popovski

Поради смртта на својот идол Диего Марадона, Карлос Тевез психички не беше во можност да заигра престојниот викенд за Бока Јуниорс против Њуелс Олд Бојс (2-0).

Сега Тевез се врати на теренот на мечот меѓу Бока и Интернационал во Копа Либертадорес и го постигна единствениот гол на натпреварот.

За време на прославата, тој одлучи да му оддаде почит на Марадона во стилот на Лионел Меси, кој неодамна постигна гол, го соблече дресот на Барселона, по што го покажа стариот дрес на Њуелс Олд Бојс со број 10. Тевез, за ​​разлика од Меси, носеше дрес од 1981 година под сегашниот дрес на Бока, во кој настапуваше Марадона.

Аргентинскиот судија, исто како и шпанскиот кој му покажа жолт картон на Меси, строго ги следел правилата и му дал жолт картон на Тевез за соблекувањето на дресот.

– Дресот кој го носев е оригиналот кој го носеше Диего во 1981-ва година од натпревар против Ривер Плата. Кога го облеков дресот, знаев дека ќе дадам гол, почувствував уникатна енергија, ова не се објаснува со зборови. Овој дрес ми е подарок од него и сега го носев за да му оддадам почест. Сакам да го посветам ова на цело семејство, се чувствувам еден од нив, истакнал Тевез.

Слични содржини