Марк Маркез претрпе сериозен пад на официјалниот тренинг за Големата награда на Холандија.
Во еден момент, додека возеше зад официјалниот светски шампион Жоан Мир, тој изгуби контрола над моторот и полета во воздухот, се заврте и заврши на асфалтот, а инерцијата го влечеше до песокот покрај патеката.
Иако падот изгледаше застрашувачки, Маркез помина без последици и ќе биде подготвен за квалификациите за трката на познатата „Катедрала“.
Фановите со неверување гледаа, а многумина со страв се потсетија на падот од минатата година, кој го оддалечи Маркез од патеката на подолг временски период.
Шпанецот победи на последната трка за Големата награда на Германија и е на 10-то место во генералниот пласман.
#MotoGP Marc Marquez big high side. Walked away but it must have hurt. Later heard to say ‘Put it in the fucking van!’ Credit to BT Sport. pic.twitter.com/Q3N7t4sIJZ
— Tachyon (@Tachyon100) June 25, 2021