Ерик тен Хаг веројатно нема да може да смета на еден од најконстантните играчи на Манчестер Јунајтед, Лук Шо до крајот на сезоната. Непријатната вест се уште не е официјално потврдена од клубот, но според информациите на „Дејли мејл“, англискиот интернационалец доживеал повторување на повредата на ногата која ја имаше.
Шо беше заменет на полувремето против Астон Вила, но потоа започна против Лутон викендот и беше принуден да ја напушти играта на крајот од првото полувреме. 28-годишниот фудбалер пропушти три месеци на почетокот на сезоната поради проблем со бутот и сега се очекува да ги пропушти последните 13 натпревари од сезоната. Ова е сериозен удар за амбициите на тимот да се бори за четвртото место во Премиер лигата.
Шо ќе биде тешко да се замени бидејќи Манчестер Јунајтед го врати Серхио Регилон на позајмица во јануари за да ја пополни празнината во таа област поради отсуството на Шо и Маласија. На позицијата беа искористени и Линделоф и Амрабат но без поголем успех. Повреден е и централниот дефанзивец Лисандро Мартинез.
Повредата и неговото потенцијално отсуство во остатокот од сезоната, исто така, предизвикаа сомнеж за местото на Шо во проширениот тим на Герет Саутгејт за Евро 2024 година.