Таа воопшто не смета дека при примената на воена сила треба да има било какви ограничувања.

Ако Хилари Клинтон биде избрана за претседател, тогаш светот ќе стане многу опасно место за живеење, пишува за интернет-магазинот The Conversation професорот по меѓународни односи Џозеф Камилери од универзитетот “Ла Троба”.
Според него, поранешниот државен секретар, претенциозно велејќи за своето длабоко разбирање за ситуацијата на меѓународната арена, практично одвојува многу помалку внимание на меѓународните закани кои можат да произлезат, ако таа стане претседател.
Клинтон постојано опстојува на позиција за примена на воена сила, било да е тоа во Авганистан, Ирак или Либија. “Судејќи според предизборната програма, ништо не е променето” – констатира Камилери.
Тој обрнува внимание на голем број проблеми со кои Клинтон ќе се соочи, ако стане претседател. На прво место станува збор за влошените руско-американски односи, чија степен на напон достигна нивото од средината на 1980-те години.Клучни фактори се проширувањето на НАТО и имплементирање на системот за ПРО во Романија.
Русија сепак не е единствениот предизвик, САД ќе имаат работа со зајакнатите економски Кина, Северна Кореја и со нејзините нуклеарни можности и своеволен конфликт на Блискиот Исток. “Како Клинтон ќе одговори на овие предизвици?” – прашува професорот и се потпира на нејзината предизборна програма, дека таа ќе се потпира на силата.
Особено таа ветува дека ќе се “спротивстави на Путин” и “да ја принудиКина да даде одговор” за сите дестабилизирачки активности. Според Камилери овие изјави се неодржливи.
Според него, Клинтон сака да ја задржи доминацијата на САД на меѓународната сцена, бидејќи не е разбираме дека светот не е веќе еднополаренн и е лишен од еден центар.
Во рамките на овој мултиполрниот свет земјите не секогаш ќе бидат согласни една со друга, но секоја од нив треба да биде вовлечена во меѓународен дијалог. Во овие сложени односи повеќе нема место за тоа што сака Клинтон, која ќе се стреми кон соработка, ако има заеднички интереси, или кон конфронтација, ако ги нема.
За времето на својата предизборна кампања Хилари Клинтон воопшто не се осврна на лекциите кои САД требаше да ги изведе по Авганистан, Ирак, Либија Сирија и Јемен. Нешто повеќе, одлуките кои таа ги земала како државен секретар на САД, докажуваат дека Клинтон воопшто не смета дека при примената на воена сила треба да има било какви ограничувања.
Политикологот потсетува на зборовите на Доналд Трамп дека идејата на Клинтон за безполетна зона во Сирија ризикува започнување на Трета светска војна. “Мечешката услуга” која американските медиуми му ја покажаа на човештвото, е неспособност навреме да се осветлат овие алармантни слабости на Хилари Клинтон.