Разговорите меѓу грчки министри и кредиторите на Грција за навремено постигнување договор за државниот долг синоќа пропаднаа , откако предложената од Атина нова економска реформа беше оцени како недоволна за продолжување на преговорите, пишува британскиот весник The Financial Time, цитиран од Фокус.
Неуспехот е уште јасен знак дека несогласувањата меѓу двете земји може да се покажат премногу големи за да бидат надминати. Ова ја зголемува веројатноста Атина да не успее да добие од доверителите 7,2 милијарди евра, од кои има потреба, за да ја избегне несолвентноста кога по две недели треба да плати 1,5 милијарди евра на ММФ.
При “последниот обид” за постигнување на согласност грчкиот тим ја напуштил зградата на ЕК едвај 45 минути по пристигнувањето. Според портпаролот на ЕК меѓу двете преговарачки страни има “значително разминување”, и зафаќа 2 милијарди евра годишно. Според портпаролот веќе нема време за “позитивна оценка” на грчките напори пред одлучувачката средба на министрите за финансии од еврозоната во четвртокот.
“Иако беше постигнат некаков напредок, преговорите не беа успешни. Понатамошните разговори ќе се одржат во еврогрупата “, посочи портпаролот.
