The Grand Tour како што ја знаеме завршува на 13 септември, кога последната епизода со водителите Џереми Кларксон, Ричард Хамонд и Џејмс Меј ќе биде премиерно прикажана на „Amazon Prime“.
Додека легендарното трио кое го прослави Top Gear заминува засекогаш, тоа нема да биде крајот на The Grand Tour.
Хамонд го потврди она што се „шпекулираше“, плановите на „Amazon“ да ги замени тројцата британски водители со нови водители за следната сезона, наместо засекогаш да го згасне шоуто.
„Шоуто ќе продолжи“, изјави Хамонд за британското издание „Метро“. „The Grand Tour продолжува. Заминуваме како домаќини, но Prime ќе ја продолжи. Така што едвај чекам да седнам на моето столче и да гледам како некој друг го прави тоа. Неверојатно е“.
54-годишниот водител изјави дека не знае кого Amazon размислува како замена, но рече дека „кој и да изберат, мора да биде ентузијаст“.
„Ако правите кое било шоу што има тема во своето срце, без разлика дали тоа е готвење или танцување или автомобили, водителите, главните креатори, мора да ја имаат таа страст во своето срце“, изјави тој за „Метро“. „Ние секогаш бевме такви. Никогаш не мораше да бидеш автомобилски гик за да го гледаш нашето шоу“.
Моментално е нејасно каде „Amazon“ и новите домаќини ќе ја однесат The Grand Tour, но Хамонд вели дека тоа не е во негови раце.
„Тоа ќе го одлучат луѓето кои го прават тоа“, рече тој. „Секогаш ќе бидеме при рака да разговараме ако сакаат да разговараат со нас, апсолутно. Но, повеќе не зависи од нас да го обликуваме тоа. Ние се повлекуваме“.