The Hill: Арнолд Шварценегер го критикуваше Доналд Трамп за излегувањето од договорот за клима

од Vladimir Zorba
116 прегледи

Поранешниот гувернер на Калифорнија Арнолд Шварценегер го осуди претседателот на САД Доналд Трамп за неговата одлука да се повлече земјата од договорот за климата, пишува The Hill.

“Еден човек не може да го уништи прогресот. Еден човек не може да ја сопре револуцијата на чистата енергија. Еден човек не може да го врати времето назад “, изјави Шварценегер.
“Заштитата на животната средина нема да го уништи економијата. На крајот еколошката политика прави токму спротивното. Таа ја пумпа економијата “, додаде тој.

Поранешниот гувернер посочи дека локалните власти треба да и помагаат на животната средина, иако администрацијата на Трамп не направи така. “Луѓето ќе се кренат. Локалните и државните власти ќе се кренат. Тие ќе ја пополнат празнината која Трамп ја создава “, додаде тој.