Зголемувањето на глобалната температура доведува до рана миграција на птиците, покажува истражувањето на стотици видови од пет континенти, пишува весникот The Independent .
“Многу растенија и животински видови го менуваат времето на своите активности поврзани со почетокот на пролетта, како расцутот и размножувањете”, изјави еден од специјалистите на универзитетот. “Сега имаме детални информации за тоа како времето за миграција се менува и какви се разликите кај различните видови”, додаде експертот.