The Independent: Во Шпанија и Португалија може да има 15-годишни суши до крајот на векот

од desk3
81 прегледи

До крајот на векот во Шпанија и Португалија може да има големи суши кои mo\at да продолжат mnogu години, пишува The Independent .
Ако најлошите предвидувања се остварат, сушите во реонот можат да продолжат до 15 година, во кои количината на дождовите ќе биде помалку од половина од вообичаеното ниво.

Истражувачите од Универзитетот во Њукасл користеле 15 различни климатски модели на водечките научни институции, вклучувајќи НАСА и Институтот за метеорологија “Макс Планк”.
Тие откриле дека иако моделите  покажуваат различни резултати, “големите идни суши” се во прогнозите на оние модели кои точно симулираат што се случило во минатото.
Од 1940 година во Португалија имало осум големи суши, како најсилна е од 2004г. до 2006 година
Во Шпанија имало три значителни суши, како последната беше помеѓу 1990 и 1995 година и го погоди поголемиот дел од земјата, а дождовите се намалија за 30%.
Претходни студија покажува дека делови од Јужна Европа можат да се претворат во пустина до 2100 година, бидејќи глобалното затоплување го менува екосистемот “по еден невиден начин” за последните 10 илјади. Години.