„The Rock“ не ја исклучува можноста да се кандидира за претседател на САД

од Vladimir Zorba

Актерот и кечер Двејн Џонсон, познат како „The Rock“ не ја исклучува можноста да се впушти во политиката и да се кандидира за претседател на САД, соопшти Фокс Њуз.

„Татковина не е празен збор за мене. Уште помалку американскиот народ, нашите граѓани и вредностите кои ги исповедаме. Поради оваа причина би разгледал евентуалната можност да се вклучам во политичкиот живот!“, истакнува Џонсон.

Актерот изјави дека чувствува „огромна почит кон државната служба“ и најмногу кон работата и должноста на претседателот на САД. Во месец мај минатата година Џонсон го привлече вниманието на медиумите со свое интервју во списанието „Џи-Кју“. Тој потоа рече дека размислува да се приклучи на претседателската трка во САД. За такво нешто размислувал се почесто.

За време на претседателската кампања во 2016 година, Џонсон не ги откри конкретно политичките преференции, иако и републиканци и демократи го повикуваа да се определи.

Слични содржини