The Sun: Русија и САД ги испратија стратешките бомбардери на границите на Северна Кореа

од desk4
91 прегледи

Изданието објави дека воени бродови и стратешки американски и руски бомбардери патролираат на границите на Северна Кореа. Британскиот весник The Sun објави дека авиони на Русија и САД почнале да летаат на границите на Северна Кореа.

Притоа САД ги користат авионите со стелт технологија Во-2, а се кренати во воздух од базата Вајтман во Мисури, а руските ВКС испратиле кон Северна Кореја носителите на ракети – момбардерите Ту-95МС.

Изданието прецизира дека летовите на авионите со нуклеарно оружје на авионоите на ВКС на Русија и на воздухопловните сили на САД беа спроведени во рамките на однапред планирани вежби.

Кризата околу Северна Кореа настапи по серијата нуклеарни тестирања, а исто така и истрелување на ракети, потенцијално способни да уништат воените објекти на САД и земјите сојузници на територијата на Јужна Кореја и Јапонија.