The Telegraph: Лабуристите се обидуваат да го саботираат Брекзит

од Vladimir Zorba
67 прегледи

Лабуристите се обвинети за таен заговор да го запрат Брекзит откако нивниот заменик-лидер во Брисел ги избриша од парламентарните документи, ветувањето дека ќе ги “почитува” резултатите од референдумот, соопшти весникот The Telegraph.
Ричард Корбет, втор висок европратеник од Лабуристичката партија, претстави серија на измени со цел да се минимизираат значењето на гласовите за напуштање на ЕУ во Британија.

Во еден од амандманите беше променет текстот, во кој се вели дека Европскиот парламент “нагласува дека оваа желба (Брекзит) мора да се почитува”, во едноставно дека ЕП “забележува” дека референдумот.
Според друг, ЕУ “не смее да го попречи евентуално премислување на Британија во нејзината намерата за напуштање “, а за други тоа значи слабеење на значењето на гласови.
Амандманите, ако беа прифатени, би значело дека европратениците официјално алудираат дека Британија може да ја промени својата желба да ја напушти ЕУ, тврдат изворите.