Непријателите на Асад се плашат Америка да не ги напушти.

Умерената сириска опозиција ја разгледува можноста за поблиска соработка со “Ал Каеда” и други терористички групи, соопшти весникот The Washington Post кој се повикува на извори во американската администрација и во Сирија. Илјадниците противници на Башар Асад стравуваат да не останат без американска помош по доаѓањето на власт на Доналд Трамп
Според изданието,”меѓу различните варијанти, како што објавија американските државни лица, регионалните експерти и самите востаници, се смета потесен сојуз со подобро вооружената” Ал Каеда “и други екстремистички групи.
Претходно беше забележано дека станува збор за можно придобивањее “на помоќно вооружување од сунитски арапски држави од Персискиот залив”. Покрај тоа, се зборува, пишува весникот “за користење на повеќе традиционални тактики, вклучувајќи снајперски напади врз сириски и руски војниции”.