„Ти си нашиот шампион“: Навивачи го пречекаа Ѓоковиќ на „Никола Тесла“ (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
198 прегледи

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ слета во Белград откако Федералниот суд на Австралија го одби неговото барање за виза и го депортира од земјата. Новак на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ беше пречекан од бројни навивачи, но и од медиумски екипи. Одекнаа и зборови за поддршка „Ти си нашиот шампион Новак!“.

Фанови на Новак пристигнаа дури и од Лондон.

„Дојдовме од Лондон само да го видиме Новак, ситуацијата е тажна. Се надеваме дека ќе го видиме. Во Лондон е слично како во Србија. Во Британија се подготвени да го пречекаат Новак, но не се 100% сигурни, а Борис Џонсон вели дека сите мора да ја примат вакцината. Оптимистично, но и не знаеме што друго ќе се случи“, изјави момчето кое успеа да му даде поддршка на Ѓоковиќ од Лондон, а потоа додаде:

„Жал ни е, но мораме да ги почитуваме нивните правила. Продолжуваме понатаму“.

Слични содржини