Некои трендови доаѓаат и си одат пред да сме имале можност дури и да ги пробаме. Други, пак ги засакуваме, дури и да сме биле скептични спрема нив во почетокот.
Сигурни сме дека следната листа ќе ви најде место во срцето уште на прв поглед.
Во моментов, актуелните лица на модната индустрија вложуваат главно на компоненти во визијата кои ја откриваат нивната индивидуалност – дали ќе биде персонализирано палто или додатоци со природно влакно во омилената боја.
Ви ги претставуваме модните купувања кои си ја заслужуваат инвестицијата не затоа ќе го направат вашиот шкаф повесел, но и затоа што ќе бидат актуелни уште долго време.
1. Влечки
Од пред извесно време модните куќи се натпреваруваат да ги модернизираат класичните влечки, поставувајќи им декорации од природно влакно и дури и иницијали на сопственикот. Некои од нив се нежни и направени од кожа, а тоа ги прави еден функционален додаток дури и за есен.

2. Ракав “ѕвоно”
Нестандардните кроеви и пристап кон класичната облека даваат резултат. Дизајнерите се обложуваат на внесување на обем и асиметрија со удобните ракави тип “ѕвоно”, со кои класичната комбинација веќе не е она што беше.

3. Тексас здолниште
Една од главните инспирации секоја сезона е ретрото. А што посоодветно потсетува на минатите години од едно класично тексас здолниште? Набавете си едно за вашата гардероба без разлика дали ќе биде обично, со лепенки или дури апликација.

4. Тексас јакна
Додека уште сме на темата со тексас, нема како да ја пропуштиме и тексас јакната. Тоа е компонента од силуетата, која била присутна секогаш како во секојдневниот живот на нашите мајки, па и дури на нашите баби. Не се ограничувајте од овој факт и здобијте се со една тексас јакна, бидејќи таа е меѓу водечките трендови и оваа година.

5. Деликатна чипка
Покажете женствена страна со нов покрај класичните макси фустани. Барајте модели со поставени врз нив везови. Тие се романтични и се способни да го надополнат секој геометриски принт.

Слики: Instagram