Тихановска повика на меѓународна акција против борците на „Вагнер“

од Stefanija Kuzmanovska
307 прегледи

Лидерката на белоруската опозиција во егзил, Светлана Тихановска, денеска изјави дека не може да се дозволи на приватната воена компанија „Вагнер“ да ја користи Белорусија како база за, како што наведе, криминални операции и повика на решителна меѓународна акција.

„На Пригожин и неговите вагнерски насилници не може да им се дозволи да ја користат Белорусија како база за нивните глобални криминални операции. Од Украина до Африка, нивната трага на криминал вклучува масовни егзекуции, киднапирања на деца и тешки прекршувања на човековите права“, напиша Тихановска на Твитер.

Таа додаде дека „оваа сериозна закана“ бара решителна меѓународна акција.

Тихановска во март беше осудена во отсуство на 15 години затвор под обвинение за предавство.

Опозицискиот лидер побегна од Белорусија откако се кандидираше на претседателските избори во 2020 година како главен конкурент на претседателот Александар Лукашенко.

Слични содржини