Тихановскаја: ЕУ и САД мораат да сторат повеќе против Лукашенко

од Stefanija Kuzmanovska
309 прегледи

Европската унија и Соединетите држави мораат да сторат повеќе за да помогнат да се стави крај на владеењето на белорускиот претседател Александар Лукашенко, изјави денеска лидерката на опозицијата Светлана Тихановскаја, повикувајќи ја ЕУ да воведе нова рунда санкции.

„Клучно е да се изврши притисок врз одговорните за кршење на човековите и граѓанските права, но и да се насочат кон корумпираните службеници и бизнисмени“, рече Тихановскаја од главниот град на Литванија, Вилнус, каде побегна по изборите, објави „Ројтерс“.

„За жал, реакцијата на меѓународната заедница на политичката криза во Белорусија е многу скромна“, рече таа на онлајн настан организиран од Европскиот совет за надворешни работи, на кој присуствуваа министрите за надворешни работи на Франција, Романија , Литванија и Полска.

Тихановскаја го повтори повикот за нови избори и заклучи дека промена би можела да се случи само со помош на ЕУ и Соединетите држави.

Слични содржини