Тихановскаја ги повика демонстрантите да не користат сила

од Vladimir Zorba
156 прегледи

Поранешната кандидатка за претседател на Белорусија, Светлана Тихановскаја уште еднаш ги повика демонстрантите да се воздржат од употреба на сила против полициските сили.

„Историјата има многу примери кога мирните протести доведоа до соборување на режим и знаејќи колку тоа го сака белорускиот народ, ќе можеме да го сториме тоа. Нашиот принципиелен став е дека не смееме да користиме насилство како одговор на насилство“, рече таа во обраќањето преку Јутјуб.

Според Тихановскаја, клучната цел на опозицискиот Координативен совет е да организира нови избори.

Таа, сепак, рече дека не знае што ќе стори во случај на повторени избори.

Потсетуваме, десетици илјади демонстранти излегоа на улиците на Минск и другите градови во Белорусија денес, во знак на протест против претседателот Александар Лукашенко. Полициските вооружени сили приведе над 250 луѓе денс, а користеше водени топови, гумени куршуми и шок-бомби за да ги растераат демонстрантите.

Слични содржини