Тихановскаја: Протестите во Белорусија никогаш не биле против Русите

од Vladimir Zorba
129 прегледи

Протестите во Белорусија никогаш не биле насочени против Русија, изјави еден од лидерите на белоруската опозиција и поранешен претседателски кандидат Светлана Тихановскаја.

„Народите на Белорусија и Русија отсекогаш биле блиски соседи и пријатели и сигурна сум дека тие ќе останат така и во иднина“, рече таа, а пренесе РИА Новости.

Таа ги повика Русите да не им веруваат на извештаите во медиумите и на политичарите, кои можат да наштетат на односите на луѓето од двете земји.

„Не верувајте во пропагандата на медиумите и политичарите, не дозволувајте да им штетат на односите меѓу нашите народи“, рече Тихановскаја.

„Во ниту еден момент ова не беше борба против Русија“, туку борба на белорускиот народ за слобода, рече Тихановскаја, потенцирајќи дека народот во Белорусија има три барања: оставка од Лукашенко, нови фер и транспарентни избори и ослободување на сите политички затвореници.

Таа додаде дека граѓаните на Белорусија бараат пријателски односи со сите соседи, притоа задржувајќи го суверенитетот на земјата.

Масовните протести на опозицијата започнаа во Белорусија на 9 август, по претседателските избори, на кои Александар Лукашенко прогласи победа. Опозицијата не ги призна резултатите од изборите и смета дека победила Тихановскаја.

Слични содржини