Тихановскаја во Берлин: Ќе го срушиме ѕидот во Белорусија

од Vladimir Zorba
336 прегледи

Белоруската опозиционерка Светлана Тихановскаја обиколи делови од Берлинскиот ѕид и по тој повод истакна дека во него видела симбол на трансформацијата што сака да ја донесе во Белорусија.

Во пресрет на средбата со канцеларката Ангела Меркел, Тихановскаја отиде кај дел од остатоците од ѕидот што активистите ги обоија во националните бои на Белорусија, како поддршка на протестите што се одржуваат во таа земја скоро два месеца од претседателските избори, на кои убедливо победи Александар Лукашенко победи, пренесува Ројтерс.

„Првото нешто што го направив кога пристигнав во Берлин беше да дојдам и да го видам ѕидот. Видов фотографија на луѓе кои стојат на источната страна од ѕидот. Истата работа е во Белорусија – ние сме од другата страна на ѕидот и ќе го срушиме“, изјави таа пред новинарите.

Поранешниот кандидат за претседател на Белорусија, Тихановскаја, вели дека опозицијата е подготвена да му обезбеди „безбедносни гаранции“ на претседателот Александар Лукашенко, доколку тој се повлече од владата на мирен начин.

Протести во Белорусија се одржуваат уште од претседателските избори одржани на 9 август, кога според официјалните податоци победи Александар Лукашенко.

Опозицијата тврди дека изборите биле наместени.

Слични содржини