TikTok најпопуларна апликација во 2022 година

од Stefanija Kuzmanovska

Во 2022 година кинеската апликација TikTok ја преземале 875,2 милиони корисници преку платформите на Google Play и Apple App Store, објави порталот Statista.

Овие податоци откриваат дека TikTok бил убедливо најпопуларната мобилна видео апликација во однос на преземањата минатата година.

Апликацијата YouTube ја презеле 190,8 милиони корисници, а Netflix 179,7 милиони корисници.

Слични содржини