ЏАСТИН Тимберлејк го одржа својот прв концерт по апсењето за возење во пијана состојба. Пејачот настапи во Чикаго и пред публиката раскажа за скандалот што му се случи.
„Тоа беше тешка недела“, рече тој пред толпата во Чикаго.
„Поминавме низ подеми и падови заедно, но вие сте тука, јас сум тука и ништо не може да го промени овој момент. Знам дека е тешко да ме сакате понекогаш, но вие продолжувате да ме сакате и јас ќе ве сакам назад“, истакна Џастин. Публиката го поздрави со овации.
Тимберлејк наводно му се извинил на својот тим за своето однесување. Странските медиуми пишуваат дека пејачот по апсењето „чувствува каење, дека е засрамен и понижен“.
Исто така, според изворот на Entertainment Tonight, Џастин верува дека не му треба помош кога станува збор за алкохол.
Потсетуваме, Тимберлејк беше уапсен бидејќи возел во алкохолизирана состојба. Три пати одбил алкотест и тврдел дека испил само едно мартини. Полицаец во рутинска патрола вели дека Тимберлејк не испочитувал знак за стоп и излетал од својата лента околу 12:17 часот, се наведува во документите.
Тимберлејк бил врзан со лисици и одведен во полициско одделение.