Тимерманс: Без заштита на надворешните граници ќе падне цела Европа

од Vladimir Zorba
95 прегледи

Европската унија има потреба од подобрување на работата на Агенцијата за безбедност на границата Фронтекс за ефикасна заштита на надворешните граници на ЕУ. Ова го изјави еврокомесарот за дигиталната економија и информатичко општество Гинтер Отингер.

4553629

“Фронтекс треба да биде засилен до версиjа Фронтекс 2.0, потребно е и зголемување на бројот на вработените од 350 луѓе во моментов до 5000”, изјави Јотингер во интервју за весникот “Билд ам Зонтаг”. Според него не треба да се именуваат нови вработени кон организацијата, само кон неа привремено можат да работат полицајци и гранични службеници од земјите членки.

Првиот заменик-претседател на Еврокомисијата Франц Тимерманс ја поддржи оваа позиција. “Надворешните граници на ЕУ се нашите заеднички граници, а не само националните граници на земјите членки. Затоа треба заедно да ги заштитиме “, изјави Тимерманс. “Ако не успееме во заштитата на надворешните граници, ќе падне не само Шенген зоната, ќе падне цела Европа”, предвиде тој. Според последните податоци на Меѓународната организација за миграции (ИОМ) оваа година во Европа пристигнале 985 312 бегалци и мигранти во потрага по подобар живот. Најмногу ид ив прифатила Грција – над 800 000. / РИА “Новости”