
Господарот на Белата куќа нема никаква тежина во надворешната политика и бара начин за спас.
По неуспесите во надворешната политика, претседателот на САД Барак Обама, чиј мандат оди кон својот крај, може да се обиде да го впише своето име во историјата преку примирје со рускиот лидер Владимир Путин, пишува британското издание “Тајмс” (The Times), цитирано од gazeta.ru.
Како што е познато, во САД често го нарекуваат Обама “куцата патка” – израз кој Американците користат за неприлагоденост. Според изданието, сепак Обама може да се спореди побрзо со “искубена патка„.
Весникот истакнува дека сегашниот шеф на Белата куќа нема тежина во надворешната политика.
Во првите години на функцијата тој го поддржуваше ставот дека неактивноста не е така штетна, како дејството, затоа не упадна во Сирија и не се занимаваше така активно со Либија. Обама сакаше да го вреднуваат по војните кои не ги водел.
Во исто време се обидуваше со неговите активности да работи така што неговото име да влезе во учебниците по историја.
“Отворањето” на Куба сепак беше засенета од неподготвеноста на браќата Кастро да ја делат власта, а Иран, независно од договорот со САД, во моментов го поддржува сирискиот претседател Башар Асад и ја пушта Русија во своите воздушни бази.
Аналитичарот на “Тајмс” смета дека е време “Обама да се разбуди и да види што е направено: нова воена оска на Блискиот Исток, поврзани со презир кон Вашингтон”.
Според авторот на статијата во последните неколку месеци претседател Обама може да склучи договор со Путин, според која САД да ја отстапат од Украина, а Русија да престане да се “игра” со Турција.
Москва е убедена, смета весникот дека Вашингтон повеќе има интерес да ја задржи Турција во НАТО, отколку да продолжи конфликтот поради пристапувањето на Крим. А Европејците очигледно сакаат повеќе да се задржи миграцискиот договор со Анкара отколку Украина да влезе во ЕУ.
Како што забележува новинарот, Кремљ, кој не исклучува на претседателските избори во САД да победи кандидатот на Демократите Хилари Клинтон, има интерес од ваквата зделка.
Обама, иако не го сака особено, може да ја искористи последната можност да остави трага во историјата, како што тоа го направи поранешниот претседател на САД Роналд Реган, со заврши “студената војна”.