Тимоние: Скопје и Софија да продолжат со изнаоѓање заеднички прифатливи решенија

од Берта Китинска
245 прегледи

Во интервју за МИА амбасадорот на Франција во земјава Кристиан Тимоние, вели дека позитивната динамика којашто се воспостави со чинот на потпишувањето на Договорот за пријателство во 2017-та и која продолжи со Договорот од Преспа, овозможи да се дојде до едногласната одлука на земјите – членки за отпочнување на преговорите за пристапување кон Унијата.

-Тој позитивен дух мора да го зачуваат двете страни, особено во рамките на активностите на експертските комисии кои дадоа одредени охрабрувачки резултати.Треба да се продолжи со изнаоѓањето заеднички прифатливи решенија, засновани врз научни истражувања и во духот на меѓусебното разбирање. Европскиот дух и ветувањето за споделени вредности овозможи прием на земји-членки во минатото и ќе овозможи интеграција на нови членки во иднина. Двете нации се согласуваат дека имаат заеднички историски и културни корени, за што сведочи и убавата иницијатива секоја година заеднички, на највисоко политичко ниво во Рим, да се чествуваат светите Кирил и Методиј. Европа има потреба, особено кога станува збор за Балканот, да го негува духот на комуникација преку почитување на другата страна. Потребно е да се смират духовите во интерес на секоја од двете држави и двата народа, но и во интерес на Европа, која мора да одговори на новите предизвици, коишто и се закануваат на нејзиниот опстанок, како и на нејзините вредности и нејзиниот просперитет, вели Тимоние коментирајќи ги оценките во јавноста за можно ново вето од Софија на евоинтегративниот пат на нашата земја.

Слични содржини