Амбасадорот на Франција во земјава Кристиан Тимоние денеска беше во седиштето на Демократската партија на Албанците во Тетово на средба со претседателот на Мендух Тачи со кој во најголем дел разговарале за претстојните избори.
-Посетата е во рамки на посетите што ги правам кај сите политички партии во врска со започнување на предизборната кампања. Желбата на Франција е овие избори да бидат што поуспешни и подемократски, истакна амбасадорот.
Одговарајќи на новинарско прашање дали ќе се одржи самитот на ЕУ во Загреб со оглед на ситуацијата со коронавирусот, тој истакна дека се зависи од ситуацијата.
-Вирусот нема граници. Зависи од ситуацијата, треба поголема мобилизација. Сепак од нас не зависи, истакна Тимоние.
Претседателот на ДПА Мендух Тачи не даде изјава за медиумите.