„Тимот на Алкараз мора помалку да размислува за пари“: Легендарен тенисер удри по Шпанецот и неговиот тим

од Vladimir Zorba
85 прегледи

Карлос Алкараз, шпанскиот тенисер, беше прекорен од познатиот Борис Бекер, кој неодамна заедно со Андреа Петковиќ, поранешна германска тенисерка започна поткаст наречен „Бекер, Петковиќ“.

Бекер сигурно нема да има „влакна на јазикот“ во својот поткаст, а дека тоа е точно покажа веќе во првата епизода каде една од темите беше Алкараз.

На Германецот особено не му се допадна распоредот на турнирите на кои настапуваше Алкараз и за тоа ја обвини својата екипа.

„Неговиот тренерски штаб треба помалку да размислува за пари, а повеќе за титули и светски рејтинг. Секако дека добива седумцифрени чекови за да игра, но тренерите и менаџерите треба подобро да го штитат“, рече Бекер.

Потоа сето ова дополнително го разјасни.

„Карлос имаше лош распоред на турнирите во 2024 година, бидејќи одигра многу повеќе отколку што требаше. Тој е ѕвезда на теренот во позитивна смисла, вистински уметник. Но, треба да му се дозволи да игра само кога тоа навистина е важно. Тој треба да го обезбеди огнометот. Никој не сака да гледа просечен Алкараз, туку само кога дава 100 проценти“.

Алкараз ќе има можност да покаже што веќе знае на Австралија опен, кој ќе започне на 12 јануари, но на патот до титулата ќе мора да го победи Јаник Синер.

Слични содржини