Тимот на новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден разгледува неколку опции за казнување на Русија за наводната вмешаност во хакирање на американски владини агенции и компании.
Можните опции се движат од финансиски санкции до сајбер напади врз руската инфраструктура, пренесува Танјуг, повикувајќи се на Ројтерс.
„Одговорот мора да биде доволно силен за да ги почувствува економските, финансиските и технолошките последици врз извршителите на хакерскиот напад, но за да се избегне судир со нуклеарна сила“, изјавил еден од луѓето запознат со намерите на Бајден, но не сакал да го открие името.
„Одвраќање на идните напади“
Целта е дека дејствието што ќе се преземе, која може евентуално да биде дело на сајбер шпионажа, ќе ги одврати „идните руски сајбер напади“, додал изворот на Ројтерс.
Државниот секретар на САД, Мајк Помпео, во саботата изјави дека Русија веројатно стои зад неодамнешните хакерски напади врз САД.