Тимот на Леброн Џsејмс го совлада тимот на Кевин Дурент со 170-150 на овогодинешниот „Ол Стар“ натпревар од американската професионална кошаркарска лига одигран во Атланта, а Јанис Адетокомбо беше прогласен за најкорисен играч на натпреварот.
Крилото на Милвоки Бакс го предводеше тимот на Леброн до победата со 35 поени со 100 процентен удар од 16-16, вклучувајќи 3-3 за тројка. Гркот додаде седум скока за само 19:12 минути поминати на паркетот. Заедно со него, во победничкиот тим се истакнаа дефанзивците Демијан Лилард со 32 и Стеф Кари со 28 поени, откако и двајцата реализираа по осум тројки.
Капитенот на тимот и ѕвезда на Лејкерси, Џејмс помина само 12:46 минути, сето тоа во првото полувреме, и за тоа време постигна само четири поени со четири асистенции, но бидејќи неговиот тим веќе имаше значителна предност од 100-80 на полувремето, тој немаше потреба да влегува.
Во составот на Дурент најефикасни беа Бредли Бил со 26 поени и Кајри Ирвинг со 24 погодоци и 12 асистенции.
Ова беше четврти „Ол стар“ меч во оваа форма откако двајца капитени го бираат својот тим, а во сите четири претходни изданија славеше тимот што го избра Леброн Џејмс.