Тимот на Светската здравствена организација (СЗО), кој го истражува потеклото на коронавирусот во Кина, денес ја посети болницата во Вухан, каде беа лекувани првите пациенти со ковид-19, пренесува АП.
„Прва средба лице в лице со нашите колеги. Корекција, маска в маска, во согласност со епидемиолошките мерки“, потврди холандската вирусолог Марион Копман на Твитер денес.
Копман потврди дека експертите на СЗО се сретнале со Лијанг Ванијан, кој е на чело на кинескиот епидемиолошки тим и изрази задоволство што состанокот бил во живо по долгите состаноци преку ZООМ.
Членовите на тимот подоцна отидоа во болницата во Вухан, каде што според официјалниот извештај на Кина, првите случаи на ковид-19 биле третирани пред повеќе од една година. Болеста тогаш ја нарекувале „пневмонија од непознато потекло“, наведе агенцијата.