Тимот на Усик пред реваншот со Фјури: „Мора да ја скрати брадата, ќе туркаме до крај“

од Vladimir Zorba
47 прегледи

Денеска чекањето заврши, повторно во рингот ќе влезат Олександр Усик (37 години, 22-0) и Тајсон Фјури (36, 34-1-1). Во „Кингдом Арената“ во Ријад дуото ќе одработи реванш, а се очекува да влезат во рингот околу полноќ. На натпреварот за титулата ќе му претходат шест борби, а шоуто започнува во 20 часот по наше време.

На 18 мај, Украинецот стана првиот боксер кој ги обединил сите шампионски појаси во тешка категорија по Ленокс Луис. Со победата во долгоочекуваниот меч го совлада Фјури за кого тоа беше прв пораз во кариерата. Избраниците на Усик пред натпреварот ја насмеаа јавноста бидејќи поднесоа жалба за брадата на Фјури.

– Фјури го прекрши правилото за брада. Правилата на ВБЦ строго велат дека боксерот мора да има избричена брада и мустаќи, а може да ги задржи само во два случаи: ако тие не делуваат како перница за амортизирање на ударите на противникот и ако не можат да предизвикаат исеченици на лицето на противникот. Затоа Фјури мора да ја скрати брадата, ќе го туркаме ова до крај – изјави Александар Красјук.

Претседателот на ВБЦ, Маурицио Сулејман, тврди дека се е редовно.

– Правилата постојат, комисијата го испита Фјури и нема никакви проблеми. Мислам дека се работи за ментални игри пред големата борба – изјави тој.

Претседателот на ВБЦ веројатно е во право кога вели дека тоа се чисти ментални игри. Навивачите се шегуваа во текот на оваа недела дека Фјури пуштил брада за да ги ублажи ударите, но таа сè уште не е толку голема за да влијае на неговата способност да удира на кој било начин. Колку може да биде опасен Усик, Англичанецот почувствува во првата борба кога доживеа нокдаун, а судијата почна да му брои.

Слични содржини