Тимот од АРМ замина на помош во Турција

од Nikola Popovski
223 прегледи

На предлог на Министерството за одбрана, синоќа Владата на вонредната седница донесе одлука да бидат испратени тим за заштита и спасување од АРМ во пријателска Турција. Министерката Петровска денеска сподели со јавноста дека војниците веќе се на пат кон погоденото подрачје од катастрофалниот земјотрес.

Станува збор за припадници од Баталјонот за специјални сили.

-Им посакувамесреќа во потрагата и спасувањето човечки животи. Се солидаризираме со турскиот народ и за помош на настраданите ќе испратиме и хуманитарна помош од Министерството за одбрана и Армијата, објави Петровска.

Во тимот има 22 лица од Баталјонот, две лица водачи и кучиња обучени за трагање.

Слични содржини