Ја прифативме поканата од српскиот патријарх, односно Соборот на Српската православна црква за да се воспостави евхаристичко единство со сиот православен свет, се разбира со оваа архиерејска литургија што ќе се отслужи утре во Соборниот храм посветен на „Свети Сава“, изјави денеска портпаролчот на МПЦ, владиката Тимотеј.

Литургијата ќе почне утре во девет часот, а српскиот патријархот Порфириј, како што наведуваат, српските медиуми, го повикал верниот народ во што е можно поголем број да присуствува на архиерејската литургија.

Тој изјави дека со ова се воспоставува единство не само со СПЦ, туку и со останатите православни цркви, а, како што кажа, тоа е еден чекор до очекуваното конечно постигнувањето на посакуваната цел – автокефалност на МПЦ, посочи владиката Тимотеј.

Тој кажа дека до крајот на месецов очекуваат сите православни цркви да го прифатат канонското единство на МПЦ-ОА и да биде потпишан томосот од цариградскиот и српскиот патријарх.
– Сето ова што се случува е чекор напред. Ние баравме автокефалност, вели владиката Тимотеј.

На прашање дали ќе сослужуваат со вселенскиот патријарх тој рече дека архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан му испратил писмо во кое му се заблагодарува за неговиот чекор и ја потврдува поканата дека на Педесетница ќе патува во Цариград.

Слични содржини