Тимови од бугарското и македонското МНР продолжуваат со разговорите во Скопје

од Vladimir Zorba
302 прегледи

Тимовите на бугарското и македонското Министерство за надворешни работи, предводени од министрите Теодора Генчовска и Бујар Османи, ги продолжуваат разговорите во Скопје во формат на работна средба.

Според соопштението од македонска страна, разговорите „во следниот период дополнително ќе се интензивираат за да се изнајдат меѓусебни решенија за постигнување на заедничката цел – напредок кон европската иднина на Северна Македонија“.

Палењето на бугарскиот културен клуб „Иван Михаилов“ во Битола нема да ги наруши односите“, изјави пак министерката Теодора Генчовска за медиумите во Битола.

На прашањето дали Бугарија ќе го укине ветото за почеток на преговорите за членство на Скопје во ЕУ во јуни, таа рече дека тоа зависи од Република Северна Македонија.

Слични содржини