Тина Тарнер искрено за нејзината болка, кариера и брак

од Vladimir Zorba
142 прегледи

Музичката легенда Тина Тарнер даде едно од најискрените интервјуа за CBS News, откако го коментираше самоубиството на нејзиниот син, односот на нејзиниот сопруг и нејзините здравствени проблеми.

79-годишната пејачка откри дека мисли дека причината поради која нејзиниот 59-годишен син Крег се застрелал минатиот јули, е осаменост.

„Мислам дека осаменоста го натера Крег да донесе таква одлука. Имам многу сеќавања од него што ме тераат да се смеам и верувам дека тој сега е на подобро место“, рече Тина.

Емоционалната траума за губењето на нејзиниот син не е единствената болка што ја доживеа во последниве години. Таа претрпе срцев удар, и беше дијагностициран рак, а имаше проблеми и со бубрезите. Тарнер рече дека нејзиниот 63-годишен сопруг, Ирвин, бил толку загрижен што ѝ понудил да донира еден од неговите бубрези, но таа одбила.

„Реков „да“, но потоа реков: „Драги, ти си млад и јас сум стара“. На крајот, сепак, таа доби бубрег за трансплатација.

Тина Тарнер, која има швајцарско државјанство и живее во Цирих, се ожени со Германец пред 6 години. Ѕвездата, исто така, имаше многу долг брак со Ајк Тарнер, кој ја малтретираше долги години.

„Кога Ајк ме замоли да се омажам за него, знаев дека има скриени мотиви. Но, морав да прифатам, инаку тоа ќе беше битка. Тоа не беше мојата венчавка од соништата“, рече пејачката, додавајќи дека сѐ уште реагира доста емотивно кога зборува за бракот со музичкиот продуцент.

„Јас сум емотивна, бидејќи прво тој беше добар со мене. Потоа стана агресивен и суров, бидејќи зависеше од мене. Не ми се допадна тоа, но не сакав да се борам, бидејќи резултатот секогаш беше раскрвавена усна, модрици на очите, скршен нос или ребро“, се сеќава таа.

На крајот, пејачката успеа да излезе од овој брак и да направи неверојатна кариера со над 200 милиони продадени албуми. Тина Тарнер се пензионираше во 2007 година и рече дека повеќе нема да се појавува на сцената.

„Се качив на авионот, земав длабок здив и реков: „Јас завршив“. Почувствував дека ова беше крај, и мило ми е што се откажав и си заминав дома“, додаде Тина.

Слични содржини