Тинејџер снимаше убиство на близначки во живо на Инстаграм: Ги натера да клекнат, а потоа ги застрела во главата

од Stefanija Kuzmanovska
644 прегледи

Амелија и Аманда Алвеш, 18-годишни близначки, беа убиени на ужасен начин, а нивната смртт беше пренесена преку видео во живо на Инстаграм.

Според британските медиуми, девојките наводно биле убиени затоа што знаеле премногу информации за дилерите на дрога. Убиецот реши да ги убие, а нивната смрт ја пренесуваше во живо на Инстаграм.

Видеото со убиството е прегледано повеќе од 100.000 пати досега, пишува Дејли Стар.

Телата на тинејџерките, кои неодамна станале и мајки, полицијата ги пронајде само неколку часа подоцна. Аманда зад себе остави тригодишна ќерка, а Амелија се породи пред шест месеци и има син.

Осомничениот за нивното убиство бил веднаш уапсен.

Видеото ги снима вознемирувачките последни моменти на сестрите додека клечат една покрај друга на валканиот пат.

Извештаите велат дека двете биле принудени да ја соберат косата во пунџа пред убиецот (17-годишен) наводно да стави пиштол на задниот дел од главата и да испука куршуми. Тој испукал два истрела кон првата сестра, а дури четири во втората сестра.

Иако бразилските власти допрва треба да откријат специфичен мотив за егзекуциите, локалните медиуми пишуваат дека мотивот бил дека сестрите „знаеле премногу“ за инциденти со локални дилери на дрога. И други тела се пронајдени на истото место каде што биле убиени.

Според „Дејли Стар“, осомничениот тинејџер претходно бил уапсен најмалку седум пати.

Слични содржини