Тинејџерска двојка во Линц дошла во азиски ресторан и нарачала храна и пијалоци во вредност од 50 евра, а кога требало да платат – побегнале, објави австриската телевизија ОРФ. Станува збор за 16-годишно девојче и 17-годишно момче кои го прегазиле сопственикот на ресторанот кој се обидел да ги спречи да побегнат.
Таа застанала пред автомобилот, а 16-годишникот згазнал на гас и ја прегазил со масивен теренец. Сопственикот се здобил со тешки физички и опасни по живот повреди, се наведува во полицискиот извештај.
Во петокот државното обвинителство во Грац издаде меѓународна потерница за тинејџерската двојка. Според австриските медиуми, тинејџерската двојка е осудена за обид за убиство, а уапсени се во Хрватска на бензинска пумпа.
Целиот настан го снимила надзорна камера, па полицијата лесно можела да го открие сопственикот на регистарската табличка на автомобилот. Имено, возилото било сопственост на мајка на 16-годишно девојче, а девојката тој ден го „позајмила“ возилото.
Инаку, во Австрија возачка дозвола може да се добие на 17 години, а девојката се уште не ја достигнала таа возраст.