Тинејџер смисли начин за избегнување на плаќањето казни за паркирање

од Vladimir Zorba
75 прегледи

 

Осумнаесетгодишниот Британец Џошуа Браудер креираше веб страница на која корисникот ќе може на најдобриот можен начин да состави жалба за добиена казна за паркирање.272544-amerikanec-germanec-i-soobrakjaec-od-srbija-chas-i-pol-komedija

На странуцата DoNotPay.co.uk жалбата се пишува сама, а корисникот треба само да ја испрати. Целата постапка трае неколку минути и притоа корисникот „разговара“ со робот, кој поставува прашања и преку одговорите собира податоци пред да ја напише жалбата.

„Дали сообраќајниот знак беше доволно видлив?“, „Дали мислите дека местото за паркирање беше премало?“…, се само дел од прашањата. Одговорите овозможуваат да се пронајде основа за жалбата.

– Многумина од оние што се казнети немаат доволно познавања, време или пари за да состават квалитетна жалба. Над половина од корисниците на веб страницата досега го избегнаа плаќањето на казната, изјави Браудер за „Индепендент“.

Според досетливиот тинејџер, резултатите засега се одлични