Тишина што зборува гласно: УКИМ во жалост за настраданите млади животи во Кочани

од Даниел Ѓорѓиевски
88 прегледи

Во атмосфера на тага и солидарност, стотици студенти денеска се собраа во кампусот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје, оддавајќи почит на жртвите од катастрофалниот пожар во Кочани.

Во знак на жалост за 59 загубени животи и 45 млади лица кои се борат за живот, академската заедница организираше недела на сеќавање, со повик до сите граѓани да се приклучат во испраќање порака на солидарност.

Ректорката на УКИМ, Билјана Ангелова, имаше свое обраќање, нагласувајќи ја потребата од одговорност, превенција и безбедносни реформи за ваква трагедија никогаш да не се повтори.

Серијата собири ќе продолжи низ кампусите на УКИМ до 21 март, а дополнителни информации ќе бидат споделени преку официјалните канали на организаторите. Македонија жали, но и памети.

Слични содржини