Бразилецот Тите беше задоволен од фактот дека „Селесао“ покажаа силна игра без нивниот најдобар играч, Нејмар, и ја победија Германија со 1:0.
Ова беше прв натпревар помеѓу двата тима по поразот од „панцирите“ со 1:7 на Светското првенство пред четири години.
Во отсуство на Нејмар, тимот покажа карактер и пред неколку дена успеа да ги победи со 3: 0 и домаќините на Светскиот куп – Русија.
„Нашиот најдобар играч беше надвор од тимот. Нејмар ни фали многу, но ми се допаѓа фактот дека научивме да играме силно без него“, изјави Тите на прес-конференцијата по натпреварот.
„Сето тоа му помага на тимот и драго ми е што во два натпревари постигнавме одлични резултати и одлично одигравме. Да ја победиш како гостин Германија е голема работа“.
„Имаме голема болка од поразот на Светското првенство, но покажавме карактер во овој дуел и не подлегнавме на негативните емоции“, заврши тој.