Титула за спас на сезоната: Манчестер Јунајтед го шокираше Сити и ги остави „граѓаните“ без двојна круна

од Nikola Popovski
501 прегледи

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед го победија градскиот ривал Сити со резултат 2:1 во финалето на ФА Купот. Синиот тим од Манчестер беше статистички подобриот ривал, ја имаше топката во свој посед во 75% од времето, но Јунајтед ги искористи можностите што се појавија.

Алехандро Гарначо погоди во 30. минута во празната мрежа по грешката на Јошко Гвардиол и голманот Стефан Ортега.

Веќе во 39-та беше 2:0 на изненадување на многумина, а Коби Мејно ја искористи феноменалната асистенција на Бруно Фернандеш во контранападот.

Во вториот дел нападна и Сити, но дури во 87. минута Џереми Доку ја намали предноста на „црвените ѓаволи“.

Јунајтед се бранеше успешно до крајот на натпреварот и успеа да дојде до трофејот и со тоа да ја спаси сезоната која беше исклучително тешка за нив.

Така продолжи традицијата во Англија која вели дека никој никогаш не ја одбранил двојната круна, па дури ни Сити во оваа пригода.

Оттаму, Јунајтед следната сезона ќе игра во Лига Европа, Њукасл не се квалификува за европските натпреварувања, додека Челзи ќе мора да се задоволи со Конференциската лига.

Со оваа титула од клубот се прости Рафаел Варан, дефанзивецот на Јунајтед.

Слични содржини