ТЛОТО ВО ЕВРОПА НЕ МИРУВА: Регистриран уште еден земјотрес!

од Nikola Popovski
183 прегледи

Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала вечерва ја погоди западна Грузија, соопшти Националниот центар за сеизмички мониторинг.

Епицентарот на земјотресот бил седум километри источно од градот Озургети, кој е центар на регионот Гури, пренесува Интерфакс.

Земјотресот се случил на длабочина од пет километри. Засега нема информации за жртви или материјална штета.

Рано попладнево Југоисточна Албанија ја погоди земјотрес со јачина од 3,2 степени според Рихтеровата скала.

Потсетуваме, во понеделникот разорен земјотрес ги погоди Турција и Сирија, во кој според досегашните информации животот го загубија повеќе од 25 илјади луѓе.

Слични содржини