142
Уште два послаби земјотреси, со јачина од 3,9 и 3,2 степени, вечерва ја потресоа Романија, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Најпрво во 21 часот и 28 минути по локално време е регистриран земјотрес чиј епицентар бил на 11 километри североисточно од градот Тисман во областа Горж, на длабочина од шест километри, се наведува на веб-страницата на ЕМСЦ.
Во 21:31 часот по локално време следеше послаб земјотрес, чиј епицентар е на 14 километри од градот Таргу Жију, на длабочина од 15 километри.
Земјотресот од 5,8 степени што ја погоди Романија пред два дена беше почувствуван и во некои градови во Србија.