„Тој не ме сака во неговиот живот“: Ќерка на Џек Николсон отворено за односот со нејзиниот татко

од Stefanija Kuzmanovska
306 прегледи

Дваесет и осумгодишната Теса Гурин е вонбрачна ќерка на актерот Џек Николсон, која тој никогаш не сакал да ја признае.

Имено, таа е родена во 1994 година од авантурата на нејзината мајка Џенин Гурин и актерот Џек Николсон.

Иако актерот никогаш не ја признал својата ќерка, тој редовно плаќал алиментација и приватни училишта за Теса на нејзината мајка.

Во есејот кој го напишала за Newsweek, оваа девојка пишува за односот со нејзиниот татко.

„Мајка ми уште од најраниот период ми рече да не кажувам никому дека имам познат татко. Знаев дека е моќен и богат, па се чувствував како сирачето Ени од добро познатиот филм. Мајка ми сакаше да се поврзам со него, да имаме некаков однос, но тој рече дека тоа не го интересира. Никој никогаш не ми даде конкретен одговор. Затоа формирав свое мислење за се. Мислам дека тој е многу комплицирана личност, а дека мајка ми вака решава некои нејзини демони. Во комбинацијата на двете бев колатерална жртва“, напиша таа на почетокот.

Иако никогаш немала контакт со него, Теса тврди дека ја наследила „откаченоста“ на нејзиниот татко како и љубовта кон глумата и се надева дека ќе успее како актерка.

„Се плашев дека луѓето ќе помислат дека сакам да ја искористам неговата слава, но таа личност не ме сака во неговиот живот, па зошто тоа да не го свртам во моја корист? Пораснав без татко, седев настрана и фрустрирано гледав како другите деца на познати личности добиваат улоги или потпишуваат договори со големи агенции“, напишала оваа девојка.

Таа го наслови својот есеј „Јас сум ќерката на Џек Николсон и посакувам луѓето да ме нарекуваат nepo baby“.

Инаку, Џек Николсон има најмалку пет деца со четири различни жени.

Слични содржини