235
Франција се бори со огромен шумски пожар во регионот Ландирас надвор од Бордо, изјави претставникот на противпожарната служба Грегори Алион.
„Би рекол дека пожарот во Ландирас е од мега-размер. Тоа е чудовиште“, нагласи Алион, пренесуваат француските медиуми.
Шумските пожари на почетокот на неделата го зафатија регионот Жиронд во близина на Бордо на југозападниот дел на Франција, каде што уништија куќи и предизвикаа евакуација на 10.000 жители. Пожарите кои уништија околу 6.200 хектари се проширија и во соседниот регион Ланде.
Франција, како и остатокот од Европа, се бори со неколку топлотни бранови и најлошата суша забележана во текот на летото. Активни се десетици пожари низ целата земја.