336
Актерката Џенифер Анистон глумеше во бројни популарни филмови и серии, а најголема слава ѝ донесе улогата на Рејчел Грин во серијата „Пријатели“.
Актерката неодамна проговори за голем број животни теми во големото интервју за „Волстрит журнал“.
По тој повод Џенифер Анистон откри со што би се занимавала доколку не остварела успешна кариера како холивудска ѕвезда.
„Уредување на ентериер. Сакам да ги составувам домовите и да украсувам простор. Штом влегувам во куќа, гледам што ѝ треба. Тоа е забавен процес, а некои луѓе се плашат од него. Може да ги прекине врските. Но, јас напредувам во текот на тој процес“, навела Анистон.